Археолошки локалитети на територија на Куманово:
| Локалитет "Дрезга", с.Лопате |
Неолит (V-III милениум пред наша ера)
Најзначајно место во кумановскиот крај зазема локалитетот "Амам" с.Лопате, каде има мешање на елементи од косовско-јужноморавскиот и анзабегово-вршничкиот комплекс.
Керамиката е со груба фактура, "кујнска" за секојдневна употрба, без орнаментика.
Локалитет "Амам" с.Лопате - Статуета од теракота /печена глина/;доцен неолит | Локалитет "Амам" с.Лопате - Жртвеник /печена глина/,Доцен неолит |
Бронзено доба (III-втора половина на II милениум)
Локалитети: "Градина" и "Прибовце".
Најнови ископувања на локалитетот "Градиште" кај с.Пелинце на секторот "Две могили", откриен археолошки материјал од периодот на раната бронза.
; | |
Керамички садови од лок. "Могила" - Градиште, с.Пелинце /печена глина/, рачно изработена, Рано бронзено време
Железно доба (1300-III век пред наша ера, односно до хеленизирање на овие делови)
Локалитет: "Гробље" - с.Војник. Најден е богат материјал во тумулусот во вид на керамички садови и бронзени предмети.
Керамиката главно го задржува стилот на бронзеното време, но се чувствува прогрес во однос на изработката т.т. во формата на садовите.
Римјаните во кумановскиот крај (средина на II - крајот на V век н.е.)
Локалитет: - во западниот дел од регионот (села Лопате, Опае, Бедиње, Оризаре, Отља, Слупчане, Думановце, Белановце, Липково).
- во југоисточната зона од регионот по течението на Кумановка и Крива Река, во околината на селата Биљановце, Доброшане, Орашац, Клечовце, Довезенце, каде што има повеќе наоди на монети, натписи на камен, архитектонска пластика, населбинска керамика, особено на месноста "Селиште" во с.Довезенце. Тука е најдена мала мермерна статуа на Ескулап.
Во близината на с.Биљановце има остатоци на митреум, што е целосно истражен и што даде прекрасен материјал во вид на камени релјефни икони со прикази на сцени од животот на богот Митра и Сол, со централна композиција каде Митра ритуално го убива бикот, чија што крв е извор на плодноста на земјата.
Главната култна слика во релјеф од митреумот во с.Биљановце на која иконографски се прикажани три целини. На горниот фриз во неколку сцени прикажано е раѓањето на божеството Митра како и сцени од неговиот живот. Во долниот фриз, кој исто така е исполнет со мали културни слики, прикажани се сцени од легендите за Митра и Сол. Митреумот е изграден во првата половина на III век н.е. кога митраизмот доживува најголема експанзија во римската империја. |
Икони од Кумановско
Црква "Св. Ѓорѓи", с.Старо Нагоричане
Фреска "Процесија на архиереите" | Фреска "Тајна вечера" | |
"Успение Богородично" - Манастир Матејче
Царица Елена со синот Урош, живопис од XIV век | "Богородица со Христос", живопис од XIV век | |
Детал од фреско-живопис, XIV век |
Црква "Воведение на Богородица" - Манастир Карпино, с.Сув Ора
Распетие, втора половина на XVI век | Собор на апостолите, 1898 год. |
Црква "Св. Ѓорѓи Победоносец", Младо Нагоричане | Црква "Св. Троица", Куманово |
Св. Четириесет маченици, 1868 год. | Богородица Извор на животот, 1860 год. |
Црква "Св. Параскева", с.Мургаш
"Св. Никола", средина на XIX век
Црква "Св. Недела", Куманово
"Св. Кирил Александриски", XVIII век | "Влегување во Ерусалим" и "Воскресение на Лазар", средина на XIX век |
Дарохранилница, 1869 год | Непрестолен крст, крај на XVIII век |
Сликарството во Куманово
"Тајна вечера" - Трајко Муфтински | Трајко Муфтински(1892-1963) е прв кумановски фреско-сликар кој се занимаваше со фреско сликарство и иконографија и тоа во црквите во околината на Куманово, Прешево, Врање, "Св. Прохор Пчински", Врањска Бања и Белград. Сликарството го учел во Белград, Загреб и Прага. Како уметник зад себе остави поголем број на дела со религиозни и световни содржини, од кои над 100 се подарени на Општината Куманово. |
Кирил Караџа(1900-1973) е академски сликар во генерацијата на Никола Мартиновски, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман и други истакнати и признаени македонски ликовни уметници. Академија завршил 1929 год. во Загреб. Од 1945 год. па до крајот на животот работи како професор по ликовно воспитување во Кумановската гимназија. Тој е еден од оснивачите на ДЛУМ(Друштво на Ликовни Уметници на Македонија), а подоцна и на ДЛУК(Друштво на Ликовни Уметници на Куманово). Дел од учениците на Караџа денес се афирмирани ликовни уметници, а Драган Аврамовски-Гуте и Трајче Јанчевски , како еминентни академски сликари постигнаа и светска афирмација. | "Автопортрет" - Кирил Караџа |
"Слика 4" - Драгутин Аврамовски-Гуте | "Порака" - Трајче Јанчевски |
1 коментар:
Keep up the good work »
Објави коментар