Археолошки локалитети на територија на Куманово: | |||
|
Неолит (V-III милениум пред наша ера) |
Најзначајно место во кумановскиот крај зазема локалитетот "Амам" с.Лопате, каде има мешање на елементи од косовско-јужноморавскиот и анзабегово-вршничкиот комплекс. |
Керамиката е со груба фактура, "кујнска" за секојдневна употрба, без орнаментика. |
Бронзено доба (III-втора половина на II милениум) |
Локалитети: "Градина" и "Прибовце". |
Најнови ископувања на локалитетот "Градиште" кај с.Пелинце на секторот "Две могили", откриен археолошки материјал од периодот на раната бронза. |
Железно доба (1300-III век пред наша ера, односно до хеленизирање на овие делови) |
Локалитет: "Гробље" - с.Војник. Најден е богат материјал во тумулусот во вид на керамички садови и бронзени предмети. |
Керамиката главно го задржува стилот на бронзеното време, но се чувствува прогрес во однос на изработката т.т. во формата на садовите. |
Римјаните во кумановскиот крај (средина на II - крајот на V век н.е.) |
Локалитет: - во западниот дел од регионот (села Лопате, Опае, Бедиње, Оризаре, Отља, Слупчане, Думановце, Белановце, Липково). |
- во југоисточната зона од регионот по течението на Кумановка и Крива Река, во околината на селата Биљановце, Доброшане, Орашац, Клечовце, Довезенце, каде што има повеќе наоди на монети, натписи на камен, архитектонска пластика, населбинска керамика, особено на месноста "Селиште" во с.Довезенце. Тука е најдена мала мермерна статуа на Ескулап. |
Во близината на с.Биљановце има остатоци на митреум, што е целосно истражен и што даде прекрасен материјал во вид на камени релјефни икони со прикази на сцени од животот на богот Митра и Сол, со централна композиција каде Митра ритуално го убива бикот, чија што крв е извор на плодноста на земјата. |
На горниот фриз во неколку сцени прикажано е раѓањето на божеството Митра како и сцени од неговиот живот. Во долниот фриз, кој исто така е исполнет со мали културни слики, прикажани се сцени од легендите за Митра и Сол. Митреумот е изграден во првата половина на III век н.е. кога митраизмот доживува најголема експанзија во римската империја. |
|
Сликарството во Куманово |
Трајко Муфтински(1892-1963) е прв кумановски фреско-сликар кој се занимаваше со фреско сликарство и иконографија и тоа во црквите во околината на Куманово, Прешево, Врање, "Св. Прохор Пчински", Врањска Бања и Белград. Сликарството го учел во Белград, Загреб и Прага. Како уметник зад себе остави поголем број на дела со религиозни и световни содржини, од кои над 100 се подарени на Општината Куманово. | |
Кирил Караџа(1900-1973) е академски сликар во генерацијата на Никола Мартиновски, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман и други истакнати и признаени македонски ликовни уметници. Академија завршил 1929 год. во Загреб. Од 1945 год. па до крајот на животот работи како професор по ликовно воспитување во Кумановската гимназија. Тој е еден од оснивачите на ДЛУМ(Друштво на Ликовни Уметници на Македонија), а подоцна и на ДЛУК(Друштво на Ликовни Уметници на Куманово). Дел од учениците на Караџа денес се афирмирани ликовни уметници, а Драган Аврамовски-Гуте и Трајче Јанчевски , како еминентни академски сликари постигнаа и светска афирмација. | |
1 коментар:
I have been looking for sites like this for a long time. Thank you! lasik new vision york california articles of incorporation for non profit Amazing race - cbs tv alpinedrugs comsearch html search zyban Imitrex oral dream pharmaceutical eyelid comestic surgery http://www.adult-dvd-0.info/big-small-breasts.html
Објави коментар