Пребарај го блогов

сабота, мај 20, 2006

Ново светско чудо - македонскиот Стоунхенџ!

Американската свемирска агенција НАСА неодамна го смести древниот македонски неолитички опсерваториум Кокино на четвртото место на археолошки локалитети од тој вид на светот, веднаш по светските атракции Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Англија и Ангкор Вата во Камбоџа. Додека македонските астрономи и археолози малку се затекнати од вака високото рангирање на нивниот уникатен локалитет стар околу 3800 години, локалното население верува дека таму живеат ѓаволи кои нивните домови понекогаш ги засипуваат со дожд од камења.
Во обиколка на Кокино тргнавме со Ѓоре Ценев, астроном и водител на скопскиот планетариум кој заедно со Јовица Станковски го води истражувањето на локалитетот. Неговиот скромен уред е сместен во зградата на Младинскиот Културен Центар каде што времето како да застанало пред 20 - тина години. Пред поаѓањето настана проблем со превозот бидејќи стариот 'Стојадин' на Ценев е неупотреблив а ненадејно беше откажан и превозот со џип кој од Куманово требаше да не однесе до Кокино.
СЕ БАРА ПИШАНА ТРАГА
'Да имам барем Лада Нива би ми било многу полесно за работа',ни се доверува Ценев додавајќи дека средствата му се ограничени на 500 евра годишно. Вели дека тој и колегата Станкоски биле изненадени што НАСА така високо го рангирала нивниот локалитет а патем не биле ни известени дека Кокино ќе биде внесен во пописот на светските неолитички опсерваториуми, но се надева дека благодарејќи на тоа, македонските власти во иднина ќе имаат повеќе слух за истражување на Кокино и високоорганизираната култура која го изградила.
Нервозата попушта откако го организираме превозот па со старо БМВ тргнуваме кон Куманово каде што не чека археологот Јовица Станковски. Македонското сонце немилосрдно пече а Ценев попат ни раскажува како Станковски го повикал откако го открил локалитетот за кој претпоставувал дека би можел да биде опсерваториум. Прецизните геодетски мерења во есента 2002 ги потврдиле таквите претпоставки. Тие дополнително покажале дека се работи за навистина специфичен опсерваториум бидејќи од него, освен што прецизно може да се следи изгревањето и заоѓањето на сонцето, есенската и пролетната рамнодневница, краткодневницата и долгодневницата, исто така може да се следи и положбата на Месечината. Ценев е убеден дека на локалитетот или во негова близина ќе најде некоја пишана трага од таа мистериозна цивилизација.
НА ВРВОТ, БОГОТ СОНЦЕ
Во Куманово ни се придружува и археологот Јовица Станковски па низ прекрасен предел го продолжуваме патот кон древниот опсерваториум. Станковски вели дека има многу работа бидејќи каде и да заринеш лопата во Македонија постојат големи шанси да наидеш на трага на некоја цивилизација или народ кои некогаш живееле на тоа подрачје. Додека се возиме низ прекрасниот предел Станковски без воопшто возбуда ни покажува како на речиси секое ридче се откриени значајни археолошки наоѓалишта. Кокино го открил случајно откако добил информација дека на тоа подрачје се мотаат ловци на богатство уверени дека таму постои закопано злато. 'Злато таму нема но додека успееме во тоа да ги убедиме ловците, тие чинат непоправливи штети. Од своите дедовци или прадедовци чуле приказни дека тука некаде има закопани грниња злато и иако по правило не ги наоѓаат, во потрагата користат дури и динамит', вели Станковски.
Во близина на границата со Србија се појавува шилест врв кој доминира со регионот. Станковски вели дека Кокино најверојатно била и света планина а Ценев додава дека во народот до денес се задржало верувањето дека сонцето е божество а во последно време и дека на планинските врвови живее Бог. Се приближуваме до масивниот сивкаст планински врв кој со ништо не ја открива својата древна улога и цел. Во подножјето на локалитетот го оставаме автомобилот и под силното сонце продолжуваме пешки. Девствената природа покрај асфалтниот пат ја нарушуваат пластични кеси и шишиња кои зад себе ги оставаат туристите од турите кои се организираат без никаква согласност на двајцата научници. Не одиме по патот туку преку падината бидејќи, како што предупредува Ценев, на патот често се сончаат поскоци. Предупредувањето е доволна причина нашиот возач да реши да не причека во автомобилот.

Наидуваме на бројни дупки од кртови од кои често извираат стари фрагменти од керамички предмети. Ценев низ шега додава дека и кртовите се археолози па си помагаат меѓусебно. Во непосредна близина на локалитетот се наоѓа мало поле кое Станковски со соработниците го има обработено. Изваден е околу еден тон најразлични кермаички предмети а пронајден е и калап за изработка на бронзена ритуална секира и бронзен врв на копје. 'Сметаме дека овие предмети му припаѓаат на народот или културата која ја разорила културата која го изградила опсерваториумот или дошла на ова подрачје подоцна бидејќи се два-три века помлади од самиот локалитет', вели Станковски.
КАМЕНИ ПРЕСТОЛИ
Доаѓаме до камена платформа непосредно под планинскиот ѕид во кој се издупчени дупки со помош на кои древните астрономи го набљудувале Сонцето и Месечината. Таму е и една камена мелница за жито што потврдува дека Кокино имало и ритуална функција. 20 -тина метри западно се наоѓа уште една камена платформа на која доминираат во камен изработени столици и престоли. И покрај доста лошата состојба на локалитетот очигледно е дека некој вложил многу труд делкајќи ја планината. Со локалитетот владее атмосфера на спојоство а ние не одолеавме да не седнеме на камените престоли, како што тоа пред 3800 години го правеле непознатите астрономи. Станковски вели дека локалитетот е сочуван и затоа што во таа област во турско време избила буна по која, откако била задушена, Турците го испотепале и го расселиле населението. Луѓето таму почнале повторно да живеат дури по Првото српско востание а бидејќи до Кокино тешко се доаѓа, се сметало дека таму се крие ѓаволото и дека местото треба да се избегнува.
На враќање, на пристојна оддалеченост од автомобилот не гледа овчарот Петре. Не е премногу расположен за разговор но вели дека нема проблеми со демоните на Кокино каде што често ги води своите овци. Но, потврдува дека постарите луѓе го избегнуваат местото. Еден постар селанец му раскажувал како од ведро небо одеднаш по неговата куќа почнале да паѓаат камења.
Во секој случај, ѓаволи на Кокино не видовме но затоа видовме првокласна архолошко- астрономска атракција која сведочи за извонредно богатиот и организиран општествен живот на просторот на Македонија, уште од настарите времиња, за што наскоро ќе пишува и National Geographic.

*************************

ГО СОЗДАЛЕ КАЛЕНДАРОТ СЛЕДЕЈЌИ ЈА МЕСЕЧИНАТА
Сонцето не може да биде ориентир за изработка на календар но Месечината може. Таа се наоѓа на положбите означени на Кокино на секои 18,6 години. За да го констатира тоа, некој морал да ја набљудува појавата барем два пати. Со оглед на тоа што во тоа време никој не живеел подолго од 40 години, набљудувањата се спроведувале со генерации. Тоа било важно за цивилизацијата која се организирала за да го создаде календарот кој имал функција и во земјоделството и во разните ритуални и обредни свечености.
*************************

ДРЕВНИ ОПСЕРВАТОРИУМИ, ТОП ЛИСТА НА НАСА:
1. Abu Simbel, Египет
2. Stonehenge, В. Британија
3. Angkor Wat, Камбоџа
4. Кокино, Македонија
5. Goeck, Германија
6. Big Horn Medicine Wheel, САД
7. Chaco Canyon, САД
8. Chichen Itza, Мексико
9. Machu Picchu, Перу
10. Hovenweep Castle, САД
11. New Grange, Ирска
12. Templo Major, Мексико
13. Ерменски Стоунхенџ, Ерменија
Томислав Охарек, Вјечерњи лист, Хрватска.

3 коментари:

Анонимен рече...

Very cool design! Useful information. Go on! lightweight power wheelchairs Audi modified s4 microsoft networking certification Paintballing in brighton Lists of people &aposs email addresses prevent car battery corrosion Long term use of xanax Wheel chair for rent in fort lauderdale florida Unblocking sim cards for mobile phones

Анонимен рече...

Hi all. How are you?

Анонимен рече...

Светлые
Ищите осенний шаблон для ucoz.
Тогда посетите наш сайт с коллекциоными дизайнами и вы на 100% останитесь
довольны нашими работами. Красивые работы стоят того чтобы ими любоваться. Украсте свои сайты и форумы совершенно бесплатно.
http://dimitraki.info/news/?category=besplatnye_ucoz&altname=besplatnyi_shablon_dlya_uCoz_Twilight
[url=http://dimitraki.info/news/forum/viewtopic.php?pid=5559]уникальные шаблоны для ucoz[/url]

[url=http://dimitraki.info/news/?category=katalog_stilei&altname=poslednii_geroi_-_zabytye_v_rayu][img]http://i009.radikal.ru/1006/54/48ddbe582366.jpg[/img][/url]
бесплатный
[b]Поздравляю всех с наступающим новым годом! [url=http://dimitraki.info][img]http://dimitraki.info/news/forum/uploads/2_23sese.gif[/img][/url] Желаю успехов! [/b]

Архива на блогот

Site Meter