Пребарај го блогов

четврток, мај 25, 2006

Во Драгоманце, Кумановско, се враќаат на професијата на нивните предци

Број 2054 среда, 12 април 2006 - Утрински

Во Драгоманце, Кумановско, се враќаат на професијата на нивните предци
Машинистот Благе стана сточар, а автомеханичарот Слаѓан - земјоделец
Благе Јовановски чува 200 овци, а Слаѓан Јовановски обработува 25 хектари земја на поранешниот ЗИК "Куманово"






Столе БоЖиновски
КУМАНОВО - На прсти од една рака можат да се избројат луѓе од кумановското село Драгоманце кои сў уште веруваат во професијата земјоделец и сточар. Ова некогаш пасивно село на Козјачијата денес е населба "ни село - ни град°, отстапница на некогашните припадници на работничката класа какви што се некогашниот машинист во ГП "Пелагонија°, Благе Јовановски, кој по 16 години работен стаж реши да се врати во Драгоманце и да му се посвети на овчарството, или Слаѓан Јовановски,кој од авотмеханичар се "преобрази° во прв земјоделец во овој крај.
- Отказот од работа во ГП "Пелагонија° го доживеав како тежок шок, но бргу се созедов и сфатив дека тоа што поминало не се враќа и дека со моите четириесет години не можам само да седам и да очајувам, да живеам од социјална помош во Куманово. Моите предци со векови живееле од земјоделството и сточарството во Драгоманце, па можеш и ти, си реков и решив - ќе чувам овци и ќе печалам, вели некогашниот одржувач и управувач на градежни машини. Се вратил на имотот на татко му во Драгоманце и почнал со дваесетина овци. Денес има стадо од 200 овци. Ако му оди како досега, ќе продолжи да го шири стадото за уште 200 до 300 грла. "Околните ридови имаат пасишта и поила за 10 илјади овци, само треба да се има волја за работа", вели Благе Јовановски кој не пропушта да ја критикува и државата за нејзиниот дел од вината и младите луѓе по потекло од село, кои тешко се одлучуваат за сточарството како професија и егзистенција.

Слична е и приказната на неговиот сосед Слаѓан Јовановски, довчерашен автомеханичар со мала и несигурна заработувачка. Приказната, всушност, ја раскажаа неговата сопруга Жаклина и неговиот татко Христо. Слаѓан речиси им е недостапен на новинарите, бидејќи постојано е "на терен°. Неговиот терен е блокот од 25 хектари оддалечен петнаесетина километри низводно по реката Пчиња што Слаѓан го зеде под наем од погонот на некогашниот ЗИК "Куманово° во Младо Нагоричане. Погонот, всушност, е пропадната фирма со амортизирана и разграбена механизација и две мали простории во кои се врткаат десетина "службеници° кои остваруваат некакви ситни приходи од давање земја под наем на заинтересирани приватни лица, како што е нашиот Слаѓан од Драгоманце. "Закупнината не е скапа, меѓутоа земјоделството е пропаст, чиста катастрофа - вели сопругата на Слаѓан, Жаклина Јовановска, домаќинка, мајка на две мали деца и советник во Општина Старо Нагоричане. "Лани се отепавме од работа вложивме голем труд и средства и - одвај го покривме трошоците. На пет хектари произведовме 250 тони компири и одвај ги "откачивме° по шест-седум денари за килограм" - разочарано раскажува младата земјоделка и политичарка и не може да се начуди зошто побргу не се одвиваат реформите во земјоделството.
Алудира на бавноста на администрацијата во Министерството за земјоделство по прашањето на создавање услови за повеќегодишно концесионерство на земјоделско земјиште во Кумановско. Стотици хектари на некогашниот ЗИК "Куманово° лежат со години зарастени во плевел наместо да им се издаваат на заинтересирани земјоделци под концесија на повеќе години, за да можат да планираат подолгорочни програми - додава сопругата на наемниот земјоделец од Драгоманце, Слаѓан Јовановски.

1 коментар:

Анонимен рече...

I have been looking for sites like this for a long time. Thank you! » » »

Архива на блогот

Site Meter