Кокино, културен предел
Деновиве привршува јулската археолошка кампања на локалитетот Кокино кој годинава доби тројно повеќе пари за истражувања од овој вид. Археолошкиот тим, предводен од Јовица Станковски, овде ќе се врати на к
Мегалитската опсерваторија Кокино, заедно со населбата околу неа, на која во моментов се вршат археолошките ископувања ќе биде првата која ќе биде прогласена за културен предел, поим што се воведува со новиот Закон за заштита на културното наследство. Ова ни го потврдија и од Управата за заштита, како и археологот раководител со локалитетот Јовица Станковски. Според Законот, овој поим во себе ги вклучува и природните и културните вредности на одреден предел.
Целиот простор околу мегалитската опсерваторија и археолошкиот локалитет Кокино во последно време добиваат нови насоки во своето обликување. Тоа се случува откако и нашата влада оддели тројно повеќе пари за археолошките истражувања кои досега се одвиваа во многу скромни услови. Во јулскиот дел од работата Станковски предводи четиричлена екипа од експерти и 20-ина работници. Тој вели дека годинава добиле 300.000 денари, што е тројно повеќе од инвестициите во претходните четири години, откако тој го посочи значењето на локалитетот.
Сепак, овие пари уследија откако и американската вселенска агенција НАСА го рангираше Кокино на четврто место во светот, по опсерваториите Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Велика Британија и Анкор Ват во Камбоџа.
Станковски вели дека овој локалитет е еден од оние на кои не им се потребни посебни зафати за да може веднаш да се стави во функција на т.н. културен туризам. Локалитетот веќе го посетуваат бројни туристи од странство, особено, вели Станковски, организирани групи од Словенија. Затоа и нивната следна етапа на работа, која ќе се одвива во август, ќе биде токму насочена во олеснување на туристичките разгледувања. Таа кампања ќе се реализира со помош на холандски пари од фондацијата ИПК, при што ќе биде подготвен флаер и мултиетничка група од 40-ина деца ќе работи проект што во себе ќе има еколошки, едукативни, археолошки аспекти. Локалитетот ќе биде расчистен од отпад и ќе бидат трасирани патеки за движење на гостите.
Атрактивноста на мегалитската населба, покрај значењето на самата опсерваторија која датира од 1.800 година пред н. е. со археолошките истражувања ги привлекува туристите и за населбата и луѓето кои овде се населуваат подоцна, помеѓу 1.100 и 1.400 година пред н. е.. Како што велат научниците, се работи за номадски племиња кои останале на овој потег при големата егејска преселба во 13 и 12 век пред н.е. кога дошло и до уништувањето на микенската цивилизација.
М. За.
2 коментари:
What a great site
Scottsdale femdom Big fat nasty black ass erotic bondage teaching Free porn clips and samples sumary of  of human bondage Bdsm transexual websites Cyberskin penis extender Rectal dildo Canada hockey team turin Sharp fax toner cartridge Viet models Asian shemale lesbians satin lace Battery monitor 2.0 warez Weather webcams florida hurricane ivan rebuiling 350 chevrolet engine Pap smears- at home tests Dallas washing machines dryers ironers service repair
Looking for information and found it at this great site... Poker bonus codes bextra skin diease http://www.pfizerbextra.info/Bextra-information.html Rhinoplasty surgery post ct allergy Sports on demand head quarters Voip conferencing
Објави коментар