Урнатиот мост на Пчиња ќе биде обновен во наредните два месеца
Стотина ученици не отидоа на наставата, а од денес до Драгоманце преку реката ќе е превезуваат со трактор
Мостот е граден пред 40 години и по неговото уривање дваесетина села од Козиачииата останаа отсечени од редовниот сообраќа | |
Столе Божиновски
КУМАНОВО -Главниот мостот на Пчиња кај Драгоманце, Кумановско, кој се урна завчера ќе биде реконструиран во наредните два месеца.
Во меѓувреме ќе се тампонира патот до мостот кај селото Коинце, два километра погоре од урнатиот мост кај Драгоманце, како алтернативно решение. Вчера стотина ученици од селата на десната страна на Пчиња не отидоа на настава, а од денес до училиштето во Драгоманце преку реката ќе се превезуваат со тракторска приколка.
Инаку, мостот е граден пред 40 години и по неговото уривање дваесетина села од Козјачијата останаа отсечени од редовниот сообраќај на магистралниот пат Куманово-Прохор Пчињски, односно Пелинце-Драгоманце. Причина за уривање на мостот е неговата дотраеност и како последица од негрижа за одржување. „Четириесет години во одржувањето на овој објект не е вложен ниту денар и покрај постојаните укажувања од месното население и локалните општински институции дека конструкцијата на мостот е дотраена, дека вибрира и се тресе особено под тежината на товарни моторни возила, меѓутоа, тие укажувања никој не ги земаше сериозно“, вели градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Ласто Димковиќ, и додава дека лошата состојба на мостот и на патната мрежа во козјачките села се дежурна тема на дневните редови на Советот на општината.
Патната мрежа и мостовите се во надлежност на „Македонија пат“, чиј директор Дуфе Кукоски вчера беше на самото место и со претставниците на локалната самоуправа се договори за итни решенија.
За среќа, во моментот на уривањето на дел од мостовската конструкција немало ниедно моторно возило или пешак и единствената последица е значителната материјална штета и застојот во сообраќајот, што сигурно ќе потрае повеќе денови.
Мостот е значаен комуникативен објект не само за жители на козјачките села туку и за бројните посетители на магалитската опсерваторија „Татиќев камен“ кај селото Кокино.
Покрај дотраеноста и негрижата за одржување, причина за уривањето е и двојно поголемото оптоварување со тешки возила кои превезуваат шумски дрва, но и неконтролираната експлоатација на песок од речното корито на Пчиња.

3 коментари:
You have an outstanding good and well structured site. I enjoyed browsing through it »
best regards, nice info »
Looking for information and found it at this great site... history 1982 cadillac seville acyclovir dose Porsche vin numbers 2002 pontiac buy bontril car alarm systems2c car security system2c enforcer suzuki gsxr 750 Water garden filters Infection zoloft yeast Texas hold &aposem sites taxi eyeglass frames eyewear http://www.buy-ambien-online-7.info
Објави коментар