Пребарај го блогов

сабота, мај 20, 2006

Kokino i Ministrite

МИНИСТРИТЕ МАНАСИЈЕВСКИ И СТЕФАНОВСКИ ВО ПОСЕТА НА КУМАНОВО

Куманово, 20 јануари - Триесет проценти од вкупната површина на касарната “Христијан Тодоровски - Карпош” од денеска е во надлежност на локалната самоуправа на Куманово.

Договорот за предавање на 10.000 метри земјена површина и 2.000 метри објектна површина денеска го потпишаа министерот за одбрана Јован Манасијевски и градоначалникот Зоран Дамјановски.

На работната средба присуствуваше и министерот за култура Благоја Стефановски, кој најави дека Министерството ќе инвестира во четири столбови на кумановските институции, опсерваторијата “Кокино”, Меморијалниот центар “АСНОМ”, како и во Галеријата и музејската поставка.

Министерот Манасијевски најави дека целосното предавање на касарната “Карпош” на локалната власт ќе се изврши до крајот на мај и почетокот на јуни.

“Овој дел што веќе е предаден на кумановската власт може да започне да се користи за економскиот развој на општината, но потребно е да се запази менаџирањето, затоа што во касарната има котлара, амбуланта, трпезарија и кујна, кои слободно можат да ги користат фирмите што тука ќе инвестираат”, рече Манасијевски.

На локалната самоуправа ќе и биде предадена и караулата “Глобочица”, која ќе се користи за рекреација на ученици.

Министерот Манасијевски истакна дека по примерот на Куманово ќе се предадат и касарните во Прилеп и Струмица, но и во сите градови каде е планирано повлекување на војската.

Министерот Стефановски, кој денеска потпиша Договор за обнова на опсерваторијата со градоначалникот Дамјановски, најави дека “Кокино” летово веројатно ќе биде достапно за домашните и странските туристи.

“Куманово оваа година е прогласен за Град на културата, благодарение на огромниот број културни проекти поднесени од локалната власт. Министерството веќе го заврши проектот за обнова на Меморијалниот центар 'АСНОМ', а опсерваторијата 'Кокино' има цивилизациско значење и поради тоа Министерството мора да вложи средства за негова промоција”, рече министерот Стефановски.

Министрите Манасијевски и Стефановски и градоначалникот Дамјановски го посетија локалитетот “Кокино”.

Архива на блогот

Site Meter