Пребарај го блогов

четврток, мај 25, 2006

Гром запали трафостаница

КУМАНОВСКО

Гром запали трафостаница

Гром удрил во трафостаница и предизивкал пожар, при што била причинета материјална штета од околу 15 илјади евра, завчера попладнето во околината на Куманово.

Според информациите на кумановската полиција пожарот бил регистриран саботата попладне околу 12 часот во трафостаницата што се наоѓа кај местотот викано Беле Грамаде во атарот на селото Старо Нагоричане.

Полициска екипа, заедно со експертите на противпожарната екипа, извршиле увид во опожарената трансформаторска трафостаница, а материјалната штета била проценета на 900 000 денари.

Тие утврдиле дека причината за несреќата е атмосферско празнење. (А.С.)

Архива на блогот

Site Meter