Кокино ќе стане туристичка атракција
Министерството за финансии ќе вложи средства за изработка на туристички проект за мегалитската опсерваторија Кокино во Кумановско, по веста дека е на четврто место на ранг-листата на стари светски опсерватори
По првичните информации дека мегалитската опсерваторија Кокино во Кумановско е на четврто место на ранг-листата на стари светски опсерватории, која во март годинава ја објави НАСА, Министерството за финансии решило да вложи средства за изработка на туристички проект за овој локалитет. Ѓоре Ценев, раководител на Планетариумот при Младинскиот културен центар во Скопје, на вчерашната прес-конференција рече дека веднаш по објавувањето на оваа информација, добиле понуда од Министерството за финансии да изработат проект за туристичка експлоатација на опсерваторијата. Тој објасни дека од една холандска фондација веќе обезбедиле 4.000 евра за изработка на каталог за Кокино.
"Во изработката на каталогот ќе учествува и Министерството за култура кое ќе даде 500 евра. Со ова конечно ќе сфатиме дека имаме светско културно наследство кое допрва треба да го истражуваме", објасни Ценев.
Опсерваторијата Кокино се наоѓа на 1.030 метри надморска височина на врвот Татичев Камен, од Куманово е оддалечена само 32 километра, а територијално и припаѓа на Општина Старо Нагоричане. Таа, според архео-астрономските анализи, е стара над 3.800 години, и е единствена ваква во Европа. На листата на НАСА пред Кокино се опсерваториите: Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Велика Британија и Анкор Ват во Камбоџа.
Археолозите и астрономите претпоставуваат дека во овој регион има уште три до четири вакви опсерватории што треба да се докаже со понатамошно истражување на теренот.
"На локалитетот најдовме многу керамички предмети и неколку куќи, но тие се од подоцнежен период. Тоа укажува дека друга цивилизација дошла на ова место и ја уништила цивилизацијата што ја изградила опсерваторијата и изградиле населба веднаш до неа", вели археологот Јовица Станковски кој пред две и пол години го открил Кокино. (Е.А.)
4 коментари:
Where did you find it? Interesting read » » »
[url=http://cialisacquisto24.com/#wwww.blogger.com]cialis[/url], acquisto cialis, http://cialisacquisto24.com/#kwww.blogger.com cialis
[url=http://acquistocialisfacile.com/#81393]cialis[/url], generico cialis, http://acquistocialisfacile.com/#28152 cialis
[url=http://acquistocialisfacile.com/#88204]cialis senza ricetta[/url], cialis, http://acquistocialisfacile.com/#3827 cialis
Објави коментар