Последен збор . . .
Тодор Паскали
1936- 2006, архитект-конзерватор
Основното и средното образование Паскали го завршил во родниот град Охрид, дипломирал на Техничкиот факултет во Скопје -Отсек архитектура, во 1961 година. Од 1965 година, па се до своето пензионирање во 1996 година, беше во служба на спомениците на културата, вграден во целокупната конзервација на средновековните споменици во земјава. .
Тодор Паксали работеше како архитект- конзерватор во охридскиот Завод за заштита на спомениците на културата, за подоцна во оваа институција да ја врши и директорската функција. Беше директор и на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата во Скопје.
Неговото име се поврзува со конзервацијата, санацијата, реконструкцијата, ревитализацијата, презентацијата на сакралната архитектура, особено со црквите
-"Св. Пантелејмон" кај Плаошник,
-"Св. Никола Болнички", во Охрид,
-"Св Ѓорѓи" во Старо Нагоричане,
-"Св Богородица" во Матејче и многу други.
Во творечката биографија на Тодор Паксали остануваат забележани и наградувани бројни остварувања и на полето на архитектурата. Беше автор на повеќе проекти за хотели, нови цркви, иконостаси, манастирски конаци и други објекти, а неговата творечка дарба, меѓу другите објекти, останува вградена и во хотелот "Бисер" кај Калишта, во Струга.
Благодарност и од мојата скромна маленкост - сопственикот на блогот Старо Нагоричане.
Нема коментари:
Објави коментар